ИСПОРАКA И ВРАЌАЊЕ

1. ПОЛИТИКА ЗА ИСПОРАКА

Можете да верувате дека Вашата нарачка ќе биде брзо процесирана и безбедно испорачана.

Ние можеме да испорачаме производи секаде во Република Македонија или на меѓународно ниво со користење на методот на испорака по Ваш избор. Кога ќе направите нарачка, ќе го процениме датумот на испорака врз основа на достапноста на Вашиот производ, избраниот метод на испорака и дестинацијата на Вашата пратка.

Производите во залиха вообичаено се испорачуваат во рок од 2-3 работни дена.

a. Цени за испорака

Нашите цени за испорака се определуваат врз основа на тежината на Вашата нарачка и метод на испорака.

b. Меѓународни нарачки

Некои производи не може да се испраќаат до меѓународните дестинации, па ве молиме пратете порака до нас од Контакт страната доколку би сакале да дознаете повеќе за можностите за нарачки од странство.

2. ПОЛИТИКА ЗА ВРАЌАЊЕ, ЗАМЕНА И ОТКАЖУВАЊА

Нашата цел е да се осигура Вашето комплетно задоволство од купувањето.

Политика за враќање

Ако сте незадоволни со Вашата нарачка од било која причина, може да ги вратите производите и притоа да Ви бидат вратени средствата или да добиете друг производ. Враќањето на средствата за производи вратени во рок од 15 дена од датумот на купувањето ќе се изврши во полн износ (со исклучок на трошоците за испорака) во истата форма како и оригиналното плаќање. Секое барање за оштетени нарачки или исчезнати производи мора да биде примено во рок од 2 работни дена од денот на приемот на пакетот.

Во случај следниве услови да не се исполнети, го задржуваме правото да наплатиме 15% од вредноста на производот или да одбиеме враќање.

  - производите мора да бида вратени во рок од 15 дена од плаќањето за враќање на средствата или замена 
  - производите и пакувањето мора бидат во иста состојба
  - оригиналното пакување не смее да биде оштетено
  - пакувањето мора да ги содржи сите оригинални предмети, упатства итн.
  - на пакетот кој се враќа треба јасно да биде означен бројот на барањето за враќање
  - пакетот кој се враќа мора да содржи копија од оригиналната сметка или фактура

Пред да се врати пакетот треба да контактирате со iHome за да добиете Број на барање за враќање (број кој треба да биде ставен на пакет што се враќа). Можете да ги искористите Вашата листа на нарачки, телефонскиот број наведен подолу или следниот e-mail support@ihome.mk. Ако имате замена за истиот износ како и оригиналната набавка, нема да биде наплатено за дополнителна испорака.

Откажувања

Доколку сакате да ја откажете Вашата нарачка, тоа може да го направите доколку нарачката сеуште не е испорачана. Ако производот кој што сакате да го откажете е испорачан, нарачката не може да биде откажана. Сепак, производот може да биде рефундиран.

Адреса за враќање:

iHome
Букурешка 39, 
1020 Скопје, 
Република Македонија

Телефон: (00 389) (0)2 3093030
Корисничка поддршка: support@ihome.mk